Османи: Протоколот е записник од средба која не е одржана, ќе го објавиме во јавноста

од Nikola Popovski

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи денеска уште еднаш повтори дека францускиот предлог нема врска со Протоколот со Бугарија.

-Само временски коинцидираат поради целиот пакет. Протоколот е записник од средба која не е одржана. Тоа што ќе го разговараме ќе влезе во записник. Мерките кои што ги предвидуваме да се усогласуваат. Тие мерки пред да бидат потпишани ќе бидат објавени во јавноста. Тоа што сега договараме се принципите. Треба да се оди на средба и да се разговара, па потоа да се објави. Таа средба не е остварена и треба да се случи во иднина. Имаше една верзија, разговаравме со Историската комисија, рече Османи во интервју за Тв 24.

Слични содржини