Османи разговарал со Ескобар: Поскоро надминување на разликите со Бугарија

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи Бујар Османи попладнево информираше дека имал телефонски разговор со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан. Според Османи, се разговарало за потреба од што поскоро надминување на разликите меѓу Северна Македонија и Бугарија и отворање на пристапните преговори со Европската унија.

-Процесот на проширување на ЕУ претставува безбедносна политика и оттука постигнувањето напредок во евроинтегративните процеси на Северна Македонија е најсигурна инвестиција во стабилноста во земјава и регионот. Исто така зајакнување на американското присуство на САД на нашите простори е особено значајно за демократскиот просперитет и безбедност на регионот, особено во овој период на безбедносни предизвици, зборувале двајцата соговорници.

Османи и Ескобар констатирале дека на сила се заеднички заложби за понатамошно унапредување на стратешкото партнерство и зајакнување на традиционално пријателските односи меѓу Северна Македонија и САД.

Слични содржини