Османи разговарал со Шоле: Европската перспектива и присуството на САД во С.Македонија значајни за стабилноста и просперитетот на земјата

од Берта Китинска

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари телефонски разговор со Дерек Шоле, советник на Стејт департментот на САД.

Од МНР посочуваат дека разговорот доаѓа веднаш по посетата на советникот Шоле на Бугарија, што е особено значаен моментум, имајќи го предвид и нововоспоставениот дијалог меѓу Скопје и Софија и преземените чекори во насока на градење на довербата и надминување на предизвиците меѓу двете земји.

-Османи изразил благодарност за континуираната поддршка од САД за реализација на нашите стратешки цели и ја истакна значајната улога на нашите американски пријатели за просперитетот и демократските постигнувања на Северна Македонија.

Во оваа прилика Шоле уште еднаш ја реафирмирал американската јасна и недвомислена поддршка за што поскоро отпочнување на пристапните преговори со ЕУ, при што било заемно оценето дека европската перспектива и присуството на САД во регионот се особено значајни за стабилноста и просперитетот на Северна Македонија и Западен Балкан.Соговорниците размениле мислења за актуелната безбедносна состојба во Европа и случувањата во и околу Украина, при што беше нагласено дека зајакнувањето на трансатлантската соработка и заедничкиот пристап е од примарно значење за надминување на актуелните безбедносни предизвици. Воедно, била изразена заемна поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина и упатен е заеднички повик за деескалација на состојбите преку дијалог и дипломатска комуникација, што е во интерес на целокупната европска безбедност.

Во рамки на телефонскиот разговор, станало збор и за билатералните односи, при што е истакната важноста од нивно понатамошно надградување, а воедно се разледани и можностите за продлабочување на стратешкото партнерство и јакнење на трансатлантските врски, информираат од МНР.

Ова е втор телефонски разговор на министерот Османи со советникот Шоле во изминатите две недели.

Слични содржини