Османи: Разговорите со Бугарија се континуирани и ќе продолжиме за да најдеме начин да ги надминеме разликите

од Vladimir Zorba

Пристапните преговори со Европската унија не би требало да станат преговори со Бугарија, вели шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи во интервју за грчки „То вима“, додавајќи дека Македонија е светол пример за добрососедски односи.

-Градиме пријателства, тоа е нашата автентична карактеристика. Но, никогаш немаме посегнато по работи што не се наши. Ние сме светол пример за добрососедски односи. Немаме создадено проблеми и никогаш не бевме проблемот. Носиме решенија. Ова е менталитетот на победа. Разговорите со Бугарија се континуирани и ќе продолжиме за да најдеме начин да ги надминеме разликите, но пристапните разговори не би требало да се претворат во преговори со Бугарија, објаснува Османи, во интервјуто за денешното издание на „То Вима“, пренесе МИА.

Според Османи, не постои силна Европа без силен Балкан.

Успешен Балкан е Балканот интегриран во ЕУ. Стабилизацијата на ЕУ може и мора да се направи заедно со европската стабилизација на Балканот, вели рече тој.

Слични содржини