Османи: Само Радев може да го повлече ветото

од Берта Китинска

„Точни се првичните информации кои доаѓаат од Луксембург дека Бугарија не е спремна да даде зелено светло за преговарачката рамка и за одржување на меѓувладината конференција во јуни“, кажа денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој напомена дека можноста е теоретска на 24 и 25 на Самитот на лидери имајќи ја предвид политичката ситуација во Бугарија.

„Во моментов  во Бугарија има комплексни политички услови и контекст и единствено претседателот на државата има целосен политички мандат. Тоа е можност и да се повлече ветото, односно да се донесе одлука на самиот Самит на лидери и тоа не е прашање дали сум оптимист или не, туку е прашање на констатација на Европската Комисија на сите 26 земји членки“, рече Османи.

Во однос на посетата на Бугарија тој рече дека бил воспоставен отворен дијалог по однос на сите разлики кои ги имаат двете земји и дека е утврдено дека португалскиот предлог е најдоброто решение.

Слични содржини