Османи-Санду: С. Македонија е посветена во изнаоѓање заеднички решенија за загрозените подрачја

од Nikola Popovski

Како Претседавач со ОБСЕ, Северна Македонија е посветена на изнаоѓање заеднички прифатливи решенија кои ќе бидат во корист пред сè на луѓето во сите загрозени подрачја, изјави министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи на денешната средба со претседателката на Молдавија, Маја Санду.

Тој истакна дека нашата земја е посветена и на зајакнување и продлабочување на нашата соработка со Република Молдавија и нашата заедничка цел за промовирање мир и стабилност во овие најнеизвесни времиња.

Османи информира дека со Санду имале продуктивна дискусија за тековниот конфликт во регионот и улогата на ОБСЕ во неговото решавање.

-Свесни сме дека руската агресија врз Украина создаде големи безбедносни, политички, економски и социјални тешкотии за Молдавија и за целиот регион. Ги поздравувам напорите на Република Молдавија во справувањето со овие предизвици и давам силна поддршка за продолжување со реформите што беа иницирани како справување со корупцијата, зајакнување на судскиот сектор, признавање на напорите на Молдавија од страна на Парламентарното собрание на Советот на Европа и решавање на процесот во Транснистрија, соопшти министерот за надворешни работи.

Слични содржини