Османи: Сега е моментот ЕУ да започне преговори со Северна Македонија

од Берта Китинска

Сега е моментот ЕУ да започне преговори со Северна Македонија, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на заедничката прес-конференција со заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

-Нема сомнение дека европската перпектива е најстабилната, сега е момент за почнување преговори. Тоа ќе биде голема потврда за нас за да ја забрзаме европската интеграција.Благодарни сме на нивната посветеност кон нашата држава. Заедно со нашите сојузници работиме заедно и посветено за подобра иднина во регионот и не смееме да дозволиме враќање на политиките од 90-тите. На билатерален план фокусирани сме да ја зајакнеме борбатa против тероризмот, рече Османи.

Слични содржини