Османи: Шилeгов инвестираше подеднакво во сите области

од Берта Китинска

Бујар Османи од ДУИ ја оцени како фундаментална коалицијата со СДСМ и истакна дека оваа соработка ќе продолжи особено во Град Скопје, каде ДУИ ќе го поддржи кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Сметаме дека на Скопје му треба континуитет, бидејќи се покажа дека можеме да имаме градоначалник кој знае да инвестира подеднакво во сите области и затоа го поддржуваме кандидатот Петре Шилeгов за уште еден мандат за Град Скопје“, рече Османи, во емисијата „360 степени“ на Алсат

Тој вели дека треба да се отвори темата за одговорност по постојаните загуби на изборите од опозицијата и дека овие резултаттие на опозицијата не може да влијаат на владиното мнозинство.

„Мислам дека парламентарното мнозинство е стабилно, ова мнозинство очекуваме да се прошири и да се зајакне по вториот круг на избори. Имаме многу работа да направиме, имаме многу големи проекти кои ќе влијаат директно врз квалитетот на животот на луѓето. Сега не зборуваме еднаквост во бројки, туку за стандарди. Сега не зборуваме за вработувања, туку за платите на луѓето, за големи инфраструктурни проекти, за интеграција во ЕУ, и имаме потреба за политичка стабилност за да ги реализираме овие соништа на луѓето“, рече Османи.

Слични содржини