Османи со официјална честитка до Захариева: Преку континуирана примена на досегашниот пристап заеднички ќе успееме да ги надминеме сите предизвици

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, испрати честитка до бугарката министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева по повод Националниот празник на Р.Бугарија, 3. март.

„Односите со Република Бугарија ги сметам за исклучително важни, додека заложбата за нивно натамошно зајакнување е од посебен интерес во насока на развивање на добрососедските односи. Република Северна Македонија останува цврсто посветена на имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка коа важна алка во зајакнувањето на довербата меѓу нашите граѓани“, се вели во честитката од Османи до Захариева.

Меѓудругото, тој вели и дека „патот напред е преку усвојување и практикување на европските вредности, а сојузништвото во НАТО и очекуваната блиска соработка во рамките на ЕУ, дополнително ќе ги зацврсти билатералните релации.

„Поддршката од Република Бугарија за евроатлантската перспектива на Република Северна Македонија значи сигурна потпора за нашите највисоки стратешки приоритети и претставува потврда за пријателството меѓу нашите граѓани. Заедничкото претседателство со Берлинскиот процес оваа година, беше историски момент со огромна симболика, кој покажа дека регионот презема иницијатива и одговорност врз процесите кои ја определуваат неговата иднина. Тоа беше потврда дека земја-членка на ЕУ и земја-кандидат можат да работат заедно во интерес на земјите од регионот. Уверен сум дека само преку континуирана примена на досегашниот пристап заеднички ќе успееме да ги надминеме сите предизвици и ќе обезбедиме сестран прогрес за нашите граѓани. Со тоа убедување, упатувајќи уште еднаш честитки до Вас и до граѓаните на вашата земја, примете ги, почитувана колешке, изразите на моето највисоко почитување“, се вели во честитката на македонскиот минисер за надворешни работи, Бујар Османи до бугарската колешка, Екатерина Захариева.

 

Слични содржини