Османи со стратегија: Ги имаме црвените линии на бранење на нашите национални и државни интереси

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека имаат стратегија и знаат што прават, одговарајќи на новинарско прашање за бугарскиот меморандум до земјите членки на ЕУ, со кој Бугарија најавува дека може да ја блокира интеграцијата на Македонија во ЕУ.

Тој сепак порачува дека земјава нема да отстапи од договорот туку ќе ја интензивира комуникацијата на највисоко ниво.

„Имаме стратегија, знаеме што правиме. Ги имаме црвените линии на бранење на нашите национални и државни интереси и цврсто стојам на бранење на тие интереси“, тврди Османи.

Како што кажа тој, прашањето на идентитетските карактеристики произлегува од правото на самоизјаснување и самоопределување на народите и тие не се дел од билатерални спорови.

„Морам да истакнам жалење бидејќи бугарскиот меморандум отстапува од Договорот за добрососедство во кој стои дека Бугарија ќе ја поддржи земјава во интеграцијата во ЕУ“, изјави Османи.

Тој вели дека изминатите денови имал разговор со неговата бугарска колешка, Екатерина Захариева и договориле дека разликите ќе ги стават во рамката, ќе ги интензивираат комуникациите на највисоко можно ниво, а комиисиите ќе продолжат со работа за да ги утврдат историските факти.

Слични содржини