Османи: Судбината не донесе до двотретински закон за ЈО и со заедничка заложба да се влезе во ЕУ

од Viktor Jovanov

Формален услов немаме, но бидејќи е навлезено во перцепцијата на земјите членки дека е важно, донесувањето на законот за ЈО ќе го олесни патот кон ЕУ. Би ризикувале ако не се донесе да им дадеме алиби на земји членки кои веќе се скептични за отпочнувањето преговори на Македонија со Унијата, вели вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

-Франција и Холандија се фиксирани на потребата од донесување закон за ЈО, супстанцата на законот е веќе решен, сите предмети се веќе преземени, вработените се превземени, ЈО може да продолжи каде СЈО застана. Сепка потребата за консензус во борбата против криминалот е важна за земјите членки. Тоа за нив е гарант дека борбата со корупцијата ќе биде таргетирана во идниот период. Ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за овој закон ќе биде 50-50 во придонесот на двете страни за отварање на вратата кон ЕУ. Сите имаме придонесено до сега, еве судбината така не наведе и последното парче од мозаикот заедно да се реши. ВМРО нема да има штета ако имаме одлука во март, вели Османи.

Тој тврди дека парнтерите во владата се сложни за законот за ЈО. Додава дека само по себе се наметна дека клучот за отворање на вратата за преговори е двотретински закон за ЈО.

-15 години додека имаме кандидатски статус, судбината не доведе до овој двотретински закон, никој да не може сам да ја отвори вратата, и никој да не може да си ја препише заслугата за отпочнување преговори со Европската унија, вели Османи.

Османи информираше дека одлучувачки самити се оние во март, јуни и октомври, и дека оваа влада работи државата да добие датум за преговори во март,

-Франција излезе брзо со нова методологија. Ни на ним не им е лесно, Франција е изолирана поради одлуката и сакаат побрзо да излезат од тоа чувство на нелагодност.
Уште во февруари ќе знаеме како ќе се развиваат работите, но не ветуваме после октовмри ништо направивме се, а сепак не добивме датум за преговори, оставаме на Унијата. Ако се реши законот за Јавно обвинителство нема да има никаков проблем во Париз, вели Османи.

Слични содржини