Османи: Таму каде што се вклучени САД нема разочарување

од Radmila Tasevska

Очекувањата се големи, бидејќи таков е политичкиот моментум, изјави во интервју за Радиотелевизија на Косово (РТК), министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со очекувањата од денешниот дијалог на високо ниво за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, што се одржува во Охрид.

Османи, кој воедно е и актуелен претседавач со ОБСЕ, потенцира дека со самиот факт што Северна Македонија е одбрана да виде на некој начин вклучена во овој процес, е големо признание за новата меѓународна улога што ја има земјата.

-Мислам дека и симболиката што оваа средба се одржува во Охрид, како рефлектирање на успехот на Охридскиот договор, бидејќи се одржува во тие исти простории. Охридскиот договор денес се препознава како најуспешниот меѓународен договор во овој регион, постигнат со посредство на САД и ЕУ. Ова е една порака дека САД никогаш не разочарале во овие процеси, вели Османи.

Шефот на дипломатијата се надева дека во Охрид ќе биде постигнато договор, кој ќе гарантира одржлива стабилност за регионот.в

Слични содржини