Османи: Владата носи навремени одлуки за коронавирусот, важно е да ја развлечеме епидемијата и да се почитуваат мерките

од Viktor Jovanov

Вирусот е атипичен никој не може да направи модел. Сепак се прават некои минимални проекции, според тоа што го гледаме од параметрите, од бројот на случаи, има релативно споро ширење кај нас, што е причината за тоа ќе треба да се евалуира. Со ширење вирусот ќе продолжи уште одреден период додека не се створи имунитет кај граѓаните. Треба да ја развлечеме епидемијата, да има помалку случаи во болниците и успеваме во тој дел. Се зависи колку ќе се почитуваат препораките кои се заоструваат, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

-Ова е комплексна ситуција која бара комплексни одлуки. Сега е време за навремени одлуки, владата ги прави и ги носи. Понатаму како ќе се одвива борбата со вирусот зависи од повеќе фактори. Ќе мора на дневни основи да се прилагодуваме на коронавирусот. Мора да се почитуваат мерките, ако се следат препораките брзо ќе се заврши сето ова, вели Османи.

Во однос на предвремените парламентарни избори, Османи вели дека засега не може да се знае кога тие ќе се одржат.

-Ден по завршување на вонредната состојба е првиот ден кога требаше да почне кампањата. Може изборите да се случат август, септември, октовмри, не зависи од нас, виша сила е кога ќе бидат изборите, но тоа е најмалку важно сега. Важно е оваа епидемија да ја завршиме без големи штети, вели Османи.

Слични содржини