Османи: Во јавноста се објавуваат неточни информации на бугарски јазик од стара верзија на Протоколот

од Nikola Popovski

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи се јави со реакција откако дел од медиумите блиски до опозицијата објавија детали од Протоколот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Според министерот, тоа се неточни информации за содржината на текстот.

-Во јавноста е пласиран текст на бугарски јазик, кој претставува стара и неконечна верзија, како дел од од бројните сет идеи кои во минатиот период се разменуваа меѓу двете министерства за надворешни работи, напиша Османи на Фејсбук.

Министерот појасни дека пласирањето на овие неточни информации претставува тенденциозен обид да се наруши процесот на широки консултации за Францускиот предлог за отстранување на ветото и продолжување на Европските интеграции на земјава, кој во моментов е во финална фаза во Собранието на Република Северна Македонија.

-Во овој контекст би сакале да посочиме дека содржината на евентуалниот Протокол меѓу двете земји, како записник од идната седница на Заедничката меѓувладина комисија, финално ќе биде усогласен на самата седница на оваа Комисија, стои во објавата на Османи.

Слични содржини