Османи: Во јуни имаме оптимална шанса за одблокирање на процесот

од Andreja Salpe

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на прес-конференцијата по инаугуративниот состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика изјави дека земјава прави сè за Бугарија да го повлече ветото за започнување на преговорите за членство  во ЕУ. Тој вели дека јуни е оптимална шанса за да се случи тоа и покрај тоа што во Софија има службена Влада.

– Затоа пристапивме со барање да се сретнеме, да го одржиме состанокот на меѓувладината комисија, да го адаптираме акцискиот план, меѓутоа, се разбира и работиме и со нашите пријатели и поддржувачи за да се одблокира процесот, рече Османи.

Тој дополни дека земјава се обидува на сите начини да ја врати довербата со Бугарија и е на ставот дека единствен начин односите помеѓу двете држави да се вратат во нормала, е да се навратиме на самиот Договор за пријателство.

– На Договорот ќе се вратиме ако ја одржиме првата меѓувладина конференција, со тоа што ќе направиме пресек на имплементираното до сега од Договорот и ќе направиме акциски план, за тоа што треба да имплементираме во наредниот период. Тоа се обидуваме да го работиме како Министерство во наредните шест месеци, сподели Османи.

Тој напомена дека за тоа било потребно да се усвои Годишниот извештај на Комисијата за историски прашања, што, како што рече, вчера „речиси бил усвоен“, така што смета дека едниот од предусловите за одржување на меѓувладината конференција е исполнет и иако треба да се направат минимални технички корекции во тој извештај, како и да се усогласи акцискиот план.

Слични содржини