Османи во Рига на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО

од Берта Китинска

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македнија, Бујар Османи денес патува во Рига, Латвија, каде утре и задутре ќе учествува на редовниот состанокот на Северноатлантскиот Совет на НАТО на ниво на Министри за надворешни работи.

За време на дводневните работни сесии ќе бидат разгледани прашања од стратешко значење на Алијансата, како што се состојбите во Авганистан, справување со актуелните и идни безбедносни предизвици, како и соработката со партнерите. Министрите ќе расправаат и за новиот Стратешки концепт на НАТО, како значаен документ во однос на идната геостратешка улога на Алијансата.

Од особено значење ќе биде дискусијата за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан, каде се очекува да биде истакната потребата од заедничко, стратешко делување и пристап на НАТО и ЕУ кон Западен Балкан како основен предуслов за стабилноста и просперитетот на регионот.

На маргини на состаноците во Рига, во агендата на Османи се предвидени и бројни билатерални средби со министри за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.

Слични содржини