Османи: Возот за ЕУ веќе ќе замине ако го блокираме процесот на уставни измени

од Nikola Popovski

Уставните измени се обврска што 27 земји-членки на ЕУ ја бараат од Северна Македонија. Доколку тие не се случат, земјата ќе ја изгуби шансата да се приклучи на брзата патека кон ЕУ, изјавил шефот на дипломатијата Бујар Османи во Брисел.

Министерот истакнал дека уставните измени се обврска што ја бараат 27 земји-членки на ЕУ.

-Мислам дека ова е најдобриот начин да се обезбеди сигурна и европска иднина за луѓето. Секое блокирање на овој процес ќе значи дека ќе бидеме во период на изолација, можеби и една деценија на изолација, можеби после 10 години, како што се случи со името. Откако луѓето избегаа од Северна Македонија, откако ќе се изгуби надежта, ќе направиме некој компромис што ќе биде уште потежок од овој сега, но возот за ЕУ веќе ќе замине, рече меѓу другото министерот Османи во интервју за ТВ21 во Брисел.

Слични содржини