Османи за БТВ: И од Северна Македонија и од Бугарија се очекуваат резултати

од Берта Китинска

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, изјави министерот надворешни работи Бујар Османи во интервју за БТВ во пресрет на денешната официјална посета на владиниот тим предводен од премиерот Димитар Ковачевски на Софија каде утре ќе се одржи заедничка седница на владите на двете земји.

Османи, во интервјуто оценува дека е одлична порака што на првиот работен ден на новата македонска Влада првата посета ја оствари бугарскиот премиер Кирил Петков, бидејќи тоа носи и симболика и суштина.

– Симболиката е дека ние сме најблиски соседи, но суштината е дека во позитивна, конструктивна атмосфера, во атмосфера на лична доверба, создадена е платформа за продолжување на разговорите, објасни Османи.

Според Османи, во односите меѓу Софија и Скопје се очекуваат резултати и од двете страни.

– Патната врска меѓу Скопје и Софија не може да биде обврска само на Северна Македонија, рече Османи, додавајќи дека нашата обврска е до Крива Паланка и дека граничниот премин Клепало од македонска страна е завршен, а се очекува бугарската страна да го заврши својот дел.

Во однос на работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања, Османи посочи дека земјава досега смени двајца свои претставници во ова тело, додавајќи дека Бугарија не го променила својот состав. Тој вели дека Софија можеби би требало да го искористи ова наше искуство.

„Во време кога климата се влошува, а историчарите губат храброст и се трудат да не ги попречуваат политичарите, во овие повеќе од две години, можеме да направиме анализа на досегашното искуство, без да земеме конкретен пример. Досега сменивме двајца претставници во Комисијата, Бугарија нема промена во составот, можеби треба да има корист од нашето искуство, но јас не прејудицирам таков чекор“, вели Османи во интервју за БТВ.

Слични содржини