Османи за прославата: Жал ми е што настана нервоза кај граѓаните, не треба да се сликаме без маски

од Берта Китинска

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција изјави дека во ни еден момент немало кршење на протоколите.

-Во ниеден момент немаше кршење на протоколите, немаше ни забава, грешката е што беше пуштена фотографијата без маски. Таа настана во еден миг на изненадување и честитка на вработените, изјави Османи

Тој додаде дека жал му е што настанала нервоза кај граѓаните за слики, но во никој случај не треба да се сликаме без маски.

Слични содржини