Османи за протерувањето на македонскиот дипломат: Негативно ќе влијае на односите со Москва

од Nikola Popovski

Протерувањето на македонскиот дипломат од Русија ќе има негативно влијание врз односите меѓу Москва и Скопје, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Жалиме поради неправедната одлука на руското Министерство за надворешни работи, но тоа е чисто реципрочна политичка одлука. Ова несомнено ќе има негативни последици врз билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација“, рече Османи.

Претходно, рускиот ресор за надворешна политика објави дека Москва прогласила еден вработен во македонската амбасада во Москва за персона нон грата, како контрамерка.

Мерката е одговор на одлуката во мај оваа година да се прогласи дипломат на руската амбасада во Скопје за персона нон грата, беше објаснето во соопштението.

Слични содржини