Османи за спорот со Бугарија: Заев веруваше и јас верувам дека мора да се најде заедничка доверба

од Берта Китинска

Мојот најголем страв е дека спорто со Бугарија може да премине во замрзнат конфликт како со името со Грција. Оваа ситуација не смее да се прифти како нова реалност. Ова мора да биде наша прва тема и по цена да го потроши нашиот политички капитал дури и ако секој ден изјавуваме оптимистички изјави, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во Утрински Брифинг.

-Заев сакаше да има отворен став имајќи ги предвид интересите на граѓаните. Заев веруваше и јас верувам дека мора да се најде заедничка доверба, па оттука да тргнеме. Заев се обраќаше и до бугарскиот народ. Обајцата сметаме дека ова не смее да премине во замрзнат конфликт и да трае, вели Османи и повторува дека разговорите со Бугарија не смеат да прекинат.

Слични содржини