Османи: Заев преговараше со Aлтернатива во име на целата коалиција

од Берта Китинска

Премиерот Заев преговараше со Aлтернатива во име на целата коалиција, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со тоа дали ДУИ се согласува со делот од власта кој и припадна на Алтернатива.

-Ние бевме целосно информирани и координирани за раговорите кои ги водеше Заев со политичките партии – кажа Османи.

Парламентарно мнозинство од 64 пратеници и нов состав на Владата во која Алтернатива ќе има тројца министри и тројца заменици-министри тоа е постигнато со договорот оваа партија да биде дел од владејачката коалиција. Лидерот  Африм Гаши вчера потпиша програма за заедничко дејствување и приклучување во Владата со претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, кој најави дека заминува од двете функции.

Слични содржини