Основачот на „Бионтек“ откри кога во Европа ќе биде постигнат колективен имунитет

од Stefanija Kuzmanovska

Колективниот имунитет во Европа ќе се постигне до јули, најдоцна до август, кога околу 60 отсто од Европејците ќе бидат вакцинирани против коронавирусот, тврди научникот и еден од основачите на германската компанија „Бионтек“, Угур Шахин.

Шахин тврди дека ќе биде потребно да се прими третата доза на вакцина, бидејќи по најмногу 9 или 12 месеци, антителата во организмот на вакцинираните лица се намалуваат, пишува италијански „Фанпејџ“.

Во иднина, ревакцинацијата против ковид 19 ќе треба да се повтори по една и пол година, а за ефектот на анти-ковид вакцината врз новите варијанти на коронавирус што се појавуваат, како што е во моментов во Индија, Шахин вели дека лекот делува на сите познати мутации.

„Благодарение на нашето истражување за рак, кој исто така постојано мутира, го испитавме влијанието на вакцината врз 30 мутации на вирусот и утврдивме дека лекот делува, односно делува заштитно против сите досегашни мутации“, рече Шахин.

Германската компанија „Бионтек“ е една од првите што ја развија оригиналната формула за анти-ковид вакцина, а партнерската американска компанија „Фајзер“ е задолжена за финансирање, логистика и надзор на клиничките серумски испитувања.

Слични содржини