Основачот на Европската унија номиниран за светец

од Vladimir Zorba

Папата Франциск го предложи Роберт Шуман, француски државник и еден од основачите на модерна Европа, за светец.

Овој предлог е исто така признание на папата и една од раните фази во долгиот процес што води кон канонизација на овој француски политичар, за што се залагаше Францускиот католички институт „Свети Беноа“ веќе неколку децении, пренесе Танјуг.

Во соопштението на Ватикан се вели дека папата го одобрил указот за признавање на херојските дела на Шуман, кој почина во 1963 година.

Тој беше француски премиер и министер за надворешни работи веднаш по Втората светска војна и играше улога во основањето на НАТО.

Во текот на 1950 година беше предложен „Планот на Шуман“ за јаглен и челик, кој прерасна во Европската економска заедница во 1957 година, а потоа во ЕУ во 1993 година.

Шуман е роден во Луксембург, но својата политичка кариера ја градеше во Франција.

Тој е член на демохристијаните во францускиот парламент од 1919 година, а беше уапсен од германскиот Гестапо во 1940 година по окупацијата на Франција.

Шуман успеа да избега од нацистичкиот затвор во 1942 година кога се приклучи на Француското движење на отпорот, а по Втората светска војна служеше како министер за надворешни работи, финансии и правда, а од ноември 1947 до септември 1948 година беше на чело на француската влада.

Слични содржини