Основните училишта во Карпош подготвени за почетокот на новата учебна година

од Vladimir Zorba

Поставени насоки на движење, дезинфекциони бариери, креативни упатства, клупи на растојание, ново – адаптирани училници и многу други мерки за заштита од Ковид – 19. Ова е сликата во сите десет основни училишта на територија на Општина Карпош, кои овие денови интензивно се подготвуваат за почетокот на новата учебна година.

За да се привлече вниманието на најмладите, на учениците од прво, второ и трето одделение сите упатства се со воочливи бои и симболи кои стимулираат интеракција и следење на протоколите.

Во училиштата, овие денови се врши и обука на наставниот кадар за работа на националната онлајн платформа.

Локалната самоуправа обезбедува и дополнителна ИТ опрема (компјутери, слушалки и камери) за наставниците, со цел наставата да се одвива без пречки.

Секое од училиштата има и просторија за изолација, во случај ученикот да развие симптоми на коронавирусот.

Хигиената во холовите, училниците и во тоалетите е на навистина високо ниво, а секое училиште има обезбедено и повеќе влезови, пристапи кон училниците.

„Ова е период кој бара одговорност од сите нас. Заради непредвидливоста на вирусот, никој не може да вети стопроцентна подготвеност, но Општина Карпош и управите на десетте основни училишта работат со сите капацитети за да се обезбеди безбеден прием на учениците до трето одделение и непречена настава по електронски пат“, соопштуваат од Општината.

loading...

Слични содржини