Осомничениот за обид за убиство на Лукашенко се изјаснил за виновен

од Vladimir Zorba

Адвокатот Јури Зенкович, кој беше уапсен под сомнение дека подготвувал атентат врз белорускиот претседател Александар Лукашенко и државен удар, целосно ја признал својата вина и сведочел, изјави шефот на истражниот оддел на КГБ на Белорусија, Константин Бичек.

„Зенкович презел конкретни обиди да регрутира, да поткупува припадници на вооружените сили, подготвени да учествуваат во уривањето на владата за парична награда. Тој во моментов е во истражен затвор и како што веќе реков е обвинет. Тој целосно ја призна својата вина за злосторството за кое е обвинет и сега активно сведочи за сите околности на незаконските дејствија што ги сторил“, изјавил Бичек за Белорусија 1 телевизија, пренесе „Спутник“.

Во исто време, началникот додаде дека е подигнато обвинение против четворица притворени за обид да подготват атентат врз претседателот и за извршување државен удар.

„Тоа е заговор насочен кон преземање на власта на неуставен начин. Сите обвинети признаа“, додаде тој.

На 17 април, Лукашенко објави дека опозиционерот Григориј Костушев, политикологот Александар Федута и адвокатот Јуриј Зенкович планираат да го убијат него и неговите синови. Тој ги обвини американските разузнавачки служби и американското државно раководство за организирање на обидот за атентат.

Според зборовите на директорот на КГБ на Белорусија, Иван Тертел, пучот бил планиран за јуни или јули оваа година, пренесе Танјуг.

Како што потсетува порталот, Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) подоцна објави дека во Русија, во заедничка специјална операција на ФСБ и КГБ на Белорусија, биле пресечени незаконски активности на Јуриј Зенкович, кој има двојно американско и белоруско државјанство и државјанинот на Белорусија – Александар Федута.

Според ФСБ, тие планирале воен удар во Белорусија според разработеното сценарио за „обоени револуции“ со учество на локални и украински националисти, како и физичка елиминација на белорускиот претседател.

Слични содржини