Осомничениот за убиството на Данка, Срѓан Јанковиќ на рочиштето откри зошто застанал на депонијата

од Илинка Илиоска
327 прегледи

Срѓан Јанковиќ, еден од двајцата осомничени за убиството на Данка Илиќ во Бањско Поље, денеска повторно беше сослушан во Вишото јавно обвинителство во Заечар, објавија српските медиуми.

Тој остана на својата прва изјава дадена на почетокот на јуни, односно дека кобниот ден бил во Бањско Поље во околината на Бор, како и на изјавата дека не ја видел Данка Илиќ, ни дека ја удрил со службениот автомобил.

Јанковиќ денеска одговарал на дополнителни прашања поставени од обвинителката за околностите на кобниот ден во Бањско Поље.

Како што се дознава, Јанковиќ подетално објаснил што се случило кобниот ден, поточно сѐ што ѝ било нејасно на обвинителката по првото рочиште.

– Тој го објасни и текот на движењето откако Данка наводно била прегазена, односно објаснил дека причината за застанувањето кај депонијата на Старобањски пат е тоа што морал да разговара по телефон – наведува извор запознаен со приликите.

Двајцата обвинети за убиството на Данка, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, се во притвор, а таткото на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето, неодамна е пуштен од притвор бидејќи за кривичното дело помагање на сторителот по извршувањето на делото, според законот во Србија, притворот не може да трае подолго од 2 месеца.

Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор.

Слични содржини