„ОСТАР РАСТ на новозаразени во 30 земји“: Директорот на СЗО испрати ДРАМАТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

од Vladimir Zorba

Европа бележи остар пораст на бројот на заразени со коронавирусот, откако земјите почнаа да ги ублажуваат ограничувањата воведени за да го спречат ширењето на потенцијално смртоносниот вирус, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге изјави дека бројот на заразени лица на европскиот континент се зголемува на неделна база за прв пат во последните неколку месеци.

Тој рече дека е забележан нов бран на ширење на вируси во повеќе од 30 европски земји.

– Зголемено е бројот на нови случаи во 30 земји. Забрзаното ширење на вирусот во 11 држави доведе до значителен нов бран на кој, доколку не се обрне внимание, повторно ќе ги доведе до ивица здравствените системи во Европа – предупреди Клуге, кој не ги спомна имињата на државите или конкретните бројки.

АФП потсетува дека Германија, која започнала со олеснување на мерките пред седум недели, се соочува со нов бран епидемија, по што германските власти вчера требаше да ги вратат вонредните мерки за повеќе од 600.000 лица во два окрузи на северот на земјата, откако во една фабрика за преработка на месо се заразиле повеќе од 1.500 работници.

Португалија вчера воведе нови ограничувања за Лисабон и околината.

Клуге истакна дека во Европа се пријавени помали пропорции на глобални случаи отколку што беше случајот порано оваа година, но дека скоро 20.000 нови случаи на заразени и повеќе од 700 смртни случаи се регистрирани дневно на континентот.

Генералниот директор на СЗО за Европа ги пофали Полска, Германија, Шпанија и Израел за нивниот брз одговор на ширењето на Ковид-19 во училиштата, рудниците за јаглен и фабриките за храна во последните неколку недели.

– Каде се појавија нови кластери, тие се контролирани со брзи и насочени интервенции. Тоа е многу добра вест – додаде Клуге.

Слични содржини