Оставката на Спасовски не е доволна, кажа Мицкоски и побара техничка влада

„Не е важно кој ќе ја предводи владата, важно е да направиме техничка влада која ќе подготви терен за фер избори. Да избереме влада на чест и достоинствен живот, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод бегството на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

– Целиот наш народ очекува објаснување. Институциите се должни да дадат одговори на сите прашања за овој случај. Одговорност мора да има затоа што граѓаните бараат правда и правдата мора да се обезбеди. Не треба да се размислува за оставка на Спасовски, неговата оставка не е доволна, рече Мицкоски.

Слични содржини