Оставките почнаа- Груевски понуди за сите освен за себе!

од Vladimir Zorba

Премиерот Никола Груевски вечерва  ги прифатил оставките  на минстрите Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски и директорто на УБК Сашо Мијалков .

22026mala

Груевски како што јави РСЕ  до Собранието доставил предлог за избор на двајца нови членови на Владата. Се предлагаат нови министри во министерствата за внатрешни работи и за транспорт и врски.

 За нов министер за внатрешни работи се предлага Митко Чавков, а за министер за транспорт и врски Владо Мисајловски.  Чавков е актуелен директор во Бирото за јавна безбедност, а Мисајловски е директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски седницата за избор на новите членови на Владата ја закажал за утре во 13 часот.

Слични содржини