Остра реакција на директорот на СЗО: „Глобален неуспех што ја покажува целата неправда“

од Stefanija Kuzmanovska

Неможноста на светот да обезбеди доволно вакцини против ковид-19 за сиромашните земји е глобален неуспех што ја покажува целата неправда, рече генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејезус.

„Нема вакцини. Не можеме да зборуваме ниту за капацитетите за испорака ако нема вакцини“, рече Тедрос, пренесува „Ројтерс“.

Тој рече дека ситуацијата во многу посиромашни земји, особено во Африка, е многу загрижувачка.

Слични содржини