Острени е против, а потпреседателот на Унитети Адили прогласи соединување со Алијанса за Албанците!?

од Vladimir Zorba

12 од 15 партиски ограноци на партијата Унитети, гласале за соединување  во еден политички субјект, Алијанса за Албанците. Потпретседателот на паријата, Зуљфи Адили, јавно ги објави одлуките на ограноците, но во отсуство на претседателот Гзим Острени, кој што според Адили, ги прекинал контактите со раководството на партијата уште од 6 април, кога бил информиран за одлуката на ограноците. Тој ден Острени гостуваше во емисијата 10 Минути, кога изјави дека партијата нема намера да се спои со Алијанса за Албанците, информира ТВ21.

„Исто така, главна задача е да ги спроведеме ставовите на првиот конгрес на партијата Унитети, со кои не се предвидува обединување“, вели Острени.

Потпретседателот Зуљфи Адили не сакаше да ги коментира врските на претседателот на Унитети, Гзим Острени со ДУИ.

„Дали сметате дека можеби не се прекинати врските со ДУИ и дека тоа влијаело Гзим Острени да биде против обединувањето“.

„Искрено, Унитети, како политички субјект, знаете и вие и сите граѓани на РМ дека се формираше како резултат на не функционирањето на ДУИ како политички субјект, почнувајќи од уставните промени меѓу изборите во 2014 година, кршејќи ги принципите во тоа време. Ние секогаш сме имале јасен став против политиките на ДУИ.

Јас не сакам да се занимавам со тоа каков е односот меѓу Острени и Али Ахмети бидејќи тоа е прашање од лична природа“, истакна Адили.

Претседателот на партијата, Гзим Острени рече дека потпретседателот работи своеглаво и дека одлуката за спојување со друга партија може да донесе само Конгресот на партијата и никој друг.

„Ова се многу наивни предлози но истовремено и не компетентни бидејќи во партијата Унитети, компетентен да одлучува за овие прашања е конгресот на Унитети. Централното собраните, и раководството немаат компетентност за оваа работа, затоа ова ги прекршува правилата на функционирањето на партијата Унитети“, истакна Острени.

На 19 октомври минатата година партиите ДР-ДПА, НДП и Унитети се обединија за трката на изборите на 11 декември, и настапија како коалиција Алијанса за Албанците. На изборите на 11 декември добија 3 мандати. Против спојувањето во Алијанса за Албанците е и претседателот на НДП, Весел Мемеди./ТВ21

Слични содржини