Осуден на затворска казна: Кашлал кон полицајци и извикувал „корона“

од Stefanija Kuzmanovska

Данскиот Врховен суд денес осуди маж на четири месеци затвор, затоа што тој за време на рутинското испитување во март минатата година, кашлал кон двајца полицајци и извикувал „корона“.

Инцидентот, кој се случи кога земјата беше целосно „заклучена“ поради коронавирусот, доведе до тоа обвинетиот да биде уапсен под обвинение за заканувачко однесување, иако подоцна беше утврдено дека тој е негативен на ковид-19, објави „Ројтерс“ .

Прво беше ослободен од обвинението во локалниот суд, а подоцна беше осуден и во Данскиот западен висок суд.

На жалба до Врховниот суд против пресудата, обвинителите побараа затворска казна од три до пет месеци.

Слични содржини