Осуден водачот на десничарската организација одговорна за нападот на Конгресот на САД

од Stefanija Kuzmanovska

Водачот на ултрадесничарската организација „Чувари на заклетвата“, Стјуарт Роудс, е прогласен за виновен за заговор и улога во нападот на зградата на Конгресот на 6 јануари 2021 година, по двомесечно судење, јавува Би-Би-Си.

Обвинителите рекоа дека тој планирал вооружен бунт за да го запре трансферот на претседателските овластувања откако Џозеф Бајден беше избран за лидер на земјата на претседателските избори во САД во 2020 година.

Покрај Роудс, за заговор е прогласена и Кели Магс, која со него влегла во зградата на Конгресот на 6 јануари 2021 година, додава Би-Би-Си.

Слични содржини