Осудената американска кошаркарка на ново рочиште во Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Надлежниот суд ја прифати жалбата на адвокатите на американската кошаркарка Бритни Грајнер.

Американската кошаркарка во август беше осудена на девет години затвор за поседување дрога, а заминувањето зад решетки не беше спречено ниту со признанието дека случајно увезла масла од канабис во Русија и нејзиното покајание за ненамерно кршење на законите на земјата каде што ја изгради својата клупска кариера.

Двократната светска шампионка и освојувачка на два олимписки златни медала со репрезентацијата на САД, во моментот на апсењето била член на рускиот тим Екатеринбург, со кој четири пати била европски шампион.

Прекршокот на 31-годишната атлетичарка беше откриен по слетувањето на аеродромот во Москва, овој февруари, а нејзиниот престој во притвор и судскиот процес не беа олеснети со бројните апели од нејзината татковина, со сите интервенции на претседателот Џо Бајден.

Но, сега има нова надеж за среќен крај, бидејќи Судот ја прифати жалбата на нејзините бранители и ѝ одобри ново рочиште на 25 октомври годинава.

Слични содржини