Радикалниот исламски проповедник Анџем Чоудари беше прогласен за виновен поради тоа што повикувал кон поддршка на “Исламска држава” и може да добие до 10 години затвор, пренесе Франс прес. 49-годишниот Чоудари и приврзаникот, 33-годишниот Мохамед Рахман, кој исто така е обвинет во случајот, се заколна во верност кон лидерот на ИД Абу Бакр ал Багдади и повикувале на поддршка за милитантната група во серија видеа во Јутјуб.

 

1471373980-iop

Двајцата биле прогласени за виновни од лондонски суд на 28 јули, но британското правосудство побарало од медиумите да не ја објавуваат веста веднаш и таа е обелоденета денес.

Чоудари и Рахман се осомничени дека врбувале луѓе за терористички групи од над 20 години. Казната ќе биде прогласена на 6 септември.

Слични содржини