Осум членови на медицинскиот тим на Марадона обвинети за убиство од небрежност

од Stefanija Kuzmanovska

По обвинението за убиство од небрежност во Аргентина беше покренат судски процес против осум членови на медицинскиот тим кој се грижеше за здравјето на легендарниот фудбалер Диего Марадона пред да почине од срцев удар, соопшти судот.

Судијата во Сан Исидро, северно предградие на Буенос Аирес, ја прифати тужбата против лекар, психијатар, психолог, менаџери на медицински техничари, медицински сестри и болничар, а тие се обвинети за убиство од небрежност, казниво со затвор од осум до 25 години според аргентинскиот закон, пренесува АП.

Тужителите тврдат дека обвинетите биле „учесници во невидена, неисправна и непромислена домашна хоспитализација“ и направиле „низа импровизации, лошо менаџирање и пропусти“ кога славниот фудбалер закрепнувал од операција, што довело до неговата смрт.

Слични содржини