Осум дена се трага по исчезната Македонка во Германија

од Nikola Popovski
162 прегледи

Веќе осум дена се трага по 25-годишната Наташа Соврановски, која е исчезната во Германија, а е родум од Македонија.

Совраноски последен пат била видена на 2 септември во 20:15 часот во Бад Тејнах-Завелштејн, во близина на Штутгарт и од тогаш и се губи секаква трага.

Апелот е објавен на Фејбсук-групата „Македонци во Германија“.

Наташа е висока околу 180 сантиметри, со темно кафеава боја на косата, и браун боја на очите. Има тетоважа на подлактицата. Последен пат носела црна маица со црни панталони и црни патики.

Слични содржини