Осум кандидати за наследник на Џонсон: Објавена конечната листа

од Nikola Popovski

Осум кандидати ќе се борат за наследник на Борис Џонсон како британски премиер и лидер на Конзервативната партија, објави денеска одборот одговорен за организирање на внатрепартиските избори.

На листата се Кеми Баденох, Суела Браверман, Џереми Хант, Пени Мордант, Риши Сунак, Том Тугендхат, Лиз Трас и Надим Захави.

Пратениците Саџид Џавид и Реман Кристи имаа намера да се кандидираат, но се повлекоа пред да биде објавен конечната листа, пренесува Ројтерс.

На кандидатите им беше потребна поддршка од најмалку 20 конзервативци за да влезат на листата.

Првиот круг на гласање почнува утре.

Слични содржини