Осум нови случаи на коронавирус во Косово и Метохија, вкупно 71 лице заразено

од Nikola Popovski

Во Косово и Метохија денес се регистрирани осум нови случаи на коронaвирус, со шго бројот достигна до вкупно 71 лице.

Станува збор за случаи со контакт, од кои четири се од селото Доманеку во општина Малишево, три од Приштина и еден од Долен Стубл, во близина на Вучитрн, јавува РТК2.

Така, вкупниот број случаи на коронавирус во Косово и Метохија е 71, а едно лице е починато.

Слични содржини