Осум починати од корона, пријавени уште шест смртни случаи во периодот септември-октомври

од Nikola Popovski

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 5 починати лица од Скопје (86г, 77г, 77г, 68г, и 43г), 2 починати лица од Кочани (85г и 68г) и едно починато лице од Виница (47г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 починати лица, со датум на смрт од 18.09.2021 до 12.10.2021 година. Регистрирани се двe починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Крива Паланка, Куманово и Кавадарци, на возраст од 51 до 80 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.669. бројката на оздравени пациенти е 183.972, на починати е 6.978, а бројот на активни случаи изнесува 6.719.

Слични содржини