Осум загинати во лавини во Австрија, настрада 17-годишно момче

од Vladimir Zorba

Пет лица загинаа во лавина во неделата во западниот туристички дел на Австрија, соопшти полицијата, со што бројот на жртви од снежните лавини за време на викендот се искачи на осум. Нови жртви беа потврдени во неделата и покрај тоа што властите повикаа на претпазливост поради лавините и обилниот снег.

По неколкудневните обилни врнежи и ветар, австриските власти го подигнаа нивото на предупредување за лавина на ниво 4 од 5. Скијачките центри се преполни бидејќи во областа Виена во февруари има училишни одмори. Телото на 59-годишен маж е откопано во неделата, соопшти полицијата во западниот регион Тирол.

Во областа Санкт Антон ам Арлбег, пронајдени се телата на 29-годишник и 33-годишник кои во саботата наутро скијале надвор од патеката. Извлечено е и телото на 62-годишен маж кој не се вратил од скијање во областа Хохе Аифнер, изјави портпаролот на полицијата.

Во саботата, портпаролот на тиролската полиција изјави дека 17-годишен Новозеланѓанец загинал тој ден во лавина во Калтенбах, а во петокот 32-годишен Кинез загинал во ски-центарот Зелден.

Двајцата скијале надвор од патеката.

Во саботата наутро, во соседниот регион Форарлберг беше пронајден мртов скијач, 50-годишен маж кој загинал во лавина во долината Клајнвалсертал, која граничи со Германија.

Слични содржини