Осум жртви и рекорден број заразени од коронавирус во Србија

од Vladimir Zorba

Во последните 24 часа починаа уште осум лица како резултат на Ковид-19 во Србија, додека дури 467 лица се новозаразени.

Од почетокот на епидемијата починале вкупно 534 лица.

На респиратори има 169 пациенти.

Тестирани се вкупно 10.381 лица во последните 24 часа.

Ова е најголем број на заразени лица за еден ден од почетокот на епидемијата на коронавирус во земјата.

Претходно, најголем број заразени за 24 часа е регистриран на 16 април, кога имало 445 заразени лица.

Слични содржини