Освоил милион фунти, па останал да ја одработи смената во паб

од Aleksandar Petrovski

Животот на Летонецот Диџис Пирагс се променил драстично откако овој работник во паб неколку дена пред Божиќ извлекол грепка вредна милион фунти.

Сепак, Пирагс одлучил да ја одработи и празничната смена во наредните неколку дена за да го испочитува договорот со колегите и работодавачот.

Летонецот има 36 години, а работи во паб во Престон на северозападна Англија.

По добивката рекол дека сака повеќе време да помине со синот.

Додал дека ова е „најубавото остварување на божиќните желби“.

Пирагс се доселил во Британија пред девет години.

Летонецот рекол дека за време на паузата на работа во стан над пабот ручал со синот и решиле да купат онлајн грепка.

„На првата која ја изгребав пишуваше милион фунти. Тука беше и дадилката која ја замолив да провери, затоа што не верував во она што го гледам“, вели тој.

„Се стрчав низ скалите и реков на шефицата, „Гледај ова е милион фунти, зарем не?“

Вели дека одлучил да ја одработи смената за Божик и покрај добивката.

Од добивката веќе купил четирисобна куќа, а на синот му подарил најмодерни слушалки.

Но додал дека сака малку да се смири пред да одлучи како да ги потроши останатите пари.

„Само сакам да имам можност на синот да му обезбедам добар живот, а по ваквата добивка тоа и ќе го направам“, вели тој.

Слични содржини