Отец Сашо: Најголемата загуба од оваа пандемија Господ ќе ја претвори во победа

од Берта Китинска

Отец Сашо вели дека оваа година за празникот Велигден ќе се почитуваат сите мерки за да се заштити здравјето на верниците.

-Ние оваа годинa ќе ги почитуваме мерките кои ни ги пропишува државата и знаме кое зло е пандемијата и реалност која се случува меѓу нас. Црквата ќе постави редари кои ќе го запазуваат растојанието, бидејќи на нас ни е многу битно здравјето на нашите верници за другото Господ помага многу повеќе од сите нас бидејќи Господ знае секое зло да го преобрати во добро тоа најмногу ќе ни го покаже на Велики петок за тоа што демонскиот свет се радувал кога Христос бил распнат и убиен целата нивна била тој да се убие тие не разбрале дека по неговата смрт доаѓа воскресение. Така да јас цврсто верувам дека оваа пандемија која ни е наложена од самите нас мислам дека Господ на крај ќе си ја преобрати таму каде што треба и најголемата загуба ќе ја претвори во победа, изјави Отец Сашо за Утрински брифинг.

Слични содржини