Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство не го прифати предлогот на групата опозициски пратеници – државата да ги субвенционира земјоделците со 50 отсто поевтина нафта.

traktorashhhash

Ваквото решение, како што оценија повеќето членови на Комисијата, е нереално и лошо, а СДСМ нема кредибилитет, ниту морално право да зборува за земјоделството зашто во времето кога беше на власт се направени најголемите штети во секторот.

Според претседателот на Комисијата и еден од предлагачите на предлог-текстот Панче Орцев, обезбедувањето поевитна нафта е пракса во многу земји – членки на ЕУ и Македонија треба да ја спроведе зашто финансиски многу ќе им помогне на земјоделците, а воедно ќе ги направи и далеку поконкурентни домашните земјоделски производи.

Утрински: Лекари работат и по 30 часа- прекувремени саати за “мој термин”

Орцев додаде дека за ваквата мерка нема да бидат потребни дополнителни буџетски средства зашто ионака, нагласи, дел од земјоделските субвенции секоја година остануваат недореализирани.

– Не сакате воопшто да го земете предвид ова законско решение кое многу ќе им помогне на земјоделците, а може да се изнајде начин за негово спроведување ако се направи добар план или стратегија, посочи Орцев и сугерираше државата се откаже од акцизата или од данокот на додадена вредност.

Осврнувајќи се на буџетските показатели, Орцев истакна дека од 2010 до 2014 година останале нереализирани вкупно 155 милиони евра земјоделски субвенции, а состојбата во земјоделството, додаде, според официјалната статистика, е генерално неповолна – се намалуваат обработливите површини и добиточниот фонд, се зголемува извозот, но исто така и увозот.

Реплицираше Љупчо Димовски со оценка дека Орцев изнесува илузорни и нелогични бројки.

– Додека бев министер, не добив ниту едно барање од пратеник за увид во исплатата на субвенциите. Илузија е да кажувате дека е намален бројот на добиткот кога веќе, покрај екстензивното, има и шталско одгледување, а не држи ниту муабетот за наводното намалување на обработливите површини, напомена Димовски и порача политиката да не се меша во земјоделството зашто од тоа најголема штета ќе имаат земјоделците.

Воедно изрази уверување дека на пратениците на СДСМ, како и на сите останати колеги, им е пред се интерес да се работи за доброто на македонското земјоделство зашто, како што подвлече, колку е подобра ситуацијата и се овозможат услови за такво нешто, толку ќе бидат сите позадоволни.

Орцев рече дека податоците за неисплатените субвенции му се од Платежната агенција и обвини дека токму актуелната власт ја меша политиката во земјоделството, делејќи ја поддршката по партиски клуч.

Предлог-законот за дополнување на Законот за земјоделство поднесен од групата опозициски пратеници за обезбедување 50 отсто поевтина нафта е ставен на дневен ред на пленараната седница закажана за 22-ри овој месец./МИА

Слични содржини