Отфрлена претставката на ВМРО-ДПМНЕ за изборни нерегуларности

од Nikola Popovski

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска во Клубот на пратеници ја одржи 53. седница, при што ја отфрли претставката за изборни нерегуларности што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ за одлуката на Владата со која даде согласност за договор за доделување финансиска поддршка за 160 фирми, на неколку дена пред изборите.

Од Антикорупциска е побаран одговор од Владата и надлежните институции, од каде останале на ставот дека ниту еден закон не е прекршен.

Бидејќи приговорот се однесува на исплати по основ на склучените договори, кои сеуште не се почнати, Антикорупционерите мораа да го одбијат.

Во образложението за одлуката од ДКСК посочија дека од објаснувањето што навремено го добиле од Генералниот секретаријат на Владата се гледа дека не е извршена исплата, а во образложението од Секретаријатот за законодавство се вели дека не е надлежен да се произнесе за склучување договори и анекси на договори согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, но се додава дека треба да се имаат во предвид законските ограничувања околу исплатата во време на избори. Согласно тоа, бидејќи нема исплата на средства и со тоа не се прекршува Законот ја отфрлиле претставката.

Слични содржини