„Отиде Ѓоковиќ во Ѕвездите на Гранд“: Тенисерот пееше, па доби бакшиш (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Во понеделникот се одржа венчавката и свадбената веселба на Ѓорша Ѓоковиќ и неговата поубава половина Сашка Веселинов, а според очекувањата главна ѕвезда бил неговиот брат Новак.

Најпрво по венчавката во црквата Свети Марко во Белград, тенисерот ги „накитил“ трубачите кои ги пречекале, а потоа направил шоу на самата свадба.

Во еден момент го земал микрофонот во раце и почнал да пее пред присутните.

Веднаш почнал да добива бакшиш, а првите пари ги добил од пејачот Саша Ковачевиќ, по што брзо ги ставил во џеб.

Еден од корисниците на социјалните мрежи оставил духовит коментар под објавеното видео: „Отиде Ноле во Ѕвездите на Гранд“.

Слични содржини