„Отидов во војна“: Капитенот на ерменската репрезентација ја прекина кариера за да и помогне на својата земја

од Vladimir Zorba

Капитенот на ерменската репрезентација, Вараждат Харојан, реши да ја заврши фудбалската кариера и се врати во својата земја за да помогне во војната со Азербејџан.

Интересно е што Харојан беше на чекор да се приклучи на грчки АЕЛ како слободен агент.

Поради војната во Нагорно Карабах, Харојан реши да ги прекине преговорите со грчкиот клуб, бидејќи не можеше да се обврзе на повеќегодишен договор во оваа ситуација.

Договорот со грчкиот гигант беше скоро потпишан, недостасуваа само формалности, но …

Последниот клуб со кој играше Харојан беше Урал, со кој доброволно ја прекина соработката.

Покрај рускиот клуб, тој го носеше и дресот на Патани, Пјуник и Падидех од Иран.

Слични содржини