Откако ја отпуштија првата, Хари и Меган во конфликт и со новата режисерка на документарецот

од Stefanija Kuzmanovska

Документарецот на Нетфликс за принцот Хари и Меган Маркл доаѓа наскоро, но не без скандали околу снимањето. Еден од нив е поврзан со отказот на првата режисерка на серијалот, Герет Бредли.

Причината за нејзиното заминување е несогласувањето со Хари и Меган околу снимањето на серијалот. Бредли се прослави со мини-серијата „Наоми Осака“ за животот на јапонската тенисерка и имаше јасна визија за серијалот за семејството Сасекс, но парот не се согласуваше со неа.

Непријатна причина за конфликт

Извор близок до продукцијата откри дека конфликтот настанал околу тонот на шоуто. Поточно поради локацијата на снимање.

„Герет сакаше Меган и Хари да снимаат дома, но ним тоа не им беше удобно“, открил изворот, додавајќи дека имало „неколку лоши моменти“ меѓу завојуваните страни.

Според изворот, Бредли успеала да сними доволно материјал пред да пристигне новата режисерка Лиз Гарбус. Токму ова е причината зошто Хари и Меган минатата година беа видени во Њујорк со две различни филмски екипи.

Се судрија и со новата режисерка

Се чини дека дошло до конфликт и со новата режисерка, поради тоа што Хари и Меган сакале да влијаат на уредувањето на содржината.

Поради неодамнешните настани и смртта на кралицата Елизабета, тие сакаа да го одложат емитувањето за следната година, но Нетфликс одби, па серијалот ќе излезе во декември.

Слични содржини